„Пике е најдобар стопер на светот и тоа на сите времиња“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике доби поприлично занимливи пофалби за своите фудбалски квалитети.

Некогашниот спортски директор на Барселона, Роберт Фернандез тврди дека Пике е најдобар дефанзивец во светот и тоа на сите времиња.

„Пике е најдобар стопер во светот, не само во овој момент туку и на сите времиња“, рече Фернандез.

Фернандез од 2015. до 2018. година работеше како спортски директор во Барселона. Добро е запознат со квалитетите на Пике, но секако ова се големи пофалби.