Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одбранбениот играч на Барселона, Пике изјави за медиумите дека пред 2 години размислувал да ја заврши кариерата.
Пике пред неколку денови изјави дека наскоро ќе се повлече од репрезентацијата на Шпанија бидејќи навивачите му ја „убиле“ желбата за играње.
Сепак, големо изненадување за сите беше кога овој фудбалер призна дека пред 2 години размислувал да ја заврши својата кариера.
Барселона тогаш ја водеше Мартино, а тоа беше најлоша сезона за тимот во последните 10 години.
Лошите игри тешко му паднале на Пике кој сакал да се пензионира.
„Мотивацијата е се во фудбалот. Пред 2 години бев на чекор од пензија бидејќи немав желба за игра. За среќа работите брзо се сменија, а со доаѓањето на Енрике ми се врати мотивацијата. Следната сезона ја освоивме титулата и пресреќен сум што не ја завршив кариерата. Тоа е еден од најтешките моменти во мојата кариера.“
Дополнителна „причина“ да ја заврши кариерата беше очајната игра на Шпанија на СП во Бразил.
Тие тогаш ја бранеа титулата, но беа елиминирани уште во групната фаза.
Пике одлучи тогаш, по тешки дилеми, да продолжи да игра и јасно е дека не згрешил.