Пирс не му остана должен на Грин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Пирс не му остана должен на Дрејмонд Грин од Голден Стејт Вориорс кој му се потсмеваше во текот на натпреварот помеѓу двата клуба минатата вечер.

„Не те сакаат многу. Мислеше дека си Коби“, му кажа Грин на Пирс на почетокот на натпреварот.

Пирс не му одговори веднаш на Грин туку напиша на Твитер.

„73 победа и помисли дека ќе ја освои титулата таа година. И водство 3:1. Упс.“

Легендарниот кошаркар на тој начин се насочи кон минатата сезона во која Вориорс запишаа 73 победи, но на крајот останаа со празни раце бидејќи Кливленд Кавалирс ги победија во финалето.