„Плачев од среќа!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Лацио, Биглија плачел од среќа по победата против Рома.

Лацио во првиот натпревар од ½-финалето во купот победија со 2:0, па така стигнаа до првиот триумф во дербито уште од 2013 година.

„Плачев од среќа затоа што беше ова моја прва победа по 4 години.“

„Има уште многу да се игра. Рома е силен тим и знаеме дека можат да се вратат. Шансите за поминување понатаму се израмнети. Ако одиграме како минатата ноќ, тогаш ќе играме во финалето.“

Противник на победникот од овој натпревар ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи.

Првиот натпревар кој овие екипи го одиграа заврши со 3:1 за Јувентус.