Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Струмица го победија Вардар во натпревар од четвртото коло од плеј-аут, 50:55.
Богоев и Јокиќ погодија за 0:4. Стефановски, Богоев и Брчков му го донесоа првото двоцифрено водство на Струмица, 2:12. Струмичани преку Јокиќ и Брчков зголемија на плус 12, 4:16. После првата четвртина Струмица имаше двоцифрено водство, 6:16.
Струмица во втората четвртина стигна и до дваесет поени предност, 9:29. Адекунле, Митков и Серафимов до крајот на првото полувреме намалија на осум поени негатива, 21:29.
Јокиќ на почетокот на третата четвртина го врати двоцифреното водство на Струмица, 21:32. Вардарци постигнаа девет поени во низа за 30:32. Митев и Лефкоски го израмнија резултатот, 34:34. Калов и Митков му донесоа водство на Вардар, 38:37. Во последната четвртина Вардар влезе со два поени предност, 4038.
Богоев, Брчков и Макенаџиев донесоа водство од пет поени, 47:52. До крајот Струмица го задржа водството и победи со 50:55.
Јокиќ ја предводеше Струмица со 20 поени. Брчков додаде 17 поени. Адекунле кај Вардар најмногу се истакна со 15 поени.