Плеј-аут – Струмица со тешки маки до победа против Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Струмица го победија Вардар во натпревар од плеј-аутот во македонската кошаркарска лига, 63:61.

Струмичани отворија со серија од 6:0. Вардарци преку Зекири и Робев го израмнија резултатот до крајот на првата четвртина, 15:15. Кошаркарите на Вардар во втората четвртина направија серија од 14 поени за прва и двоцифрена предност, 18:29. Србиновски и Робев зголемија на плус 13, 20:33. Струмичани преку Брчов и Делипетров ја спуштија негативата на едноцифрена, 26:33. До крајот на првото полувреме домашните постигнаа шест поени во низа за четири негатива на полувреме, 32:36.

Лефкоски и Митков зголемија на шест поени предност, 34:40. Струмица со поени на Делипетров, Богоев и Јокиќ го презеде водството, 45:42. Зекири, Лефкоски и Србиновски со пет поени во низа го вратија водството на Вардар, 45:47, а со овој резултат се влезе во последните десет минути од натпреварот. Зекири со четири поени во низа му донесе водство на Вардар, 47:51. Макенаџиев, Стефановски и Брчков погодија за водство на Струмица, 59:53. 26 секунди пред крајот на натпреварот Лефкоски погоди тројка за 61:59. Струмичани го задржаа водството до крајот и победија со 63:61.

Брчков со 18 поени ја предводеше Струмица. Богоев додаде 13, а Делипетров 10 поени. Лефкоски најмногу се истакна кај Вардар со 20 поени. Зекири постигна 15 поени.

ФОТО: Gol.mk