Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус го доживееја во минатата недела и четвртиот пораз во Серија А, а овој пат подобри од нив беше екипата на Фиорентина која славеше со 2:1.
Шанса за израмнување Старата дама ќе има во овој викенд кога во Торино ќе ја дочекаат екипата на Лацио.
Дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи порача дека тој и соиграчите немаат право на кикс во овој меч.
„Лацио многу напредуваше во минатиот период под водство на Симоне Инзаги. Тие многу добро играат и дефинитивно се многу тежок противник. Имаат многу добри фудбалери како Имобиле, Фелипе Андерсон и останати кои можат да бидат многу опасни од контра напади.
Што се однесува до нас, ние истотака ќе мораме да бидеме добри од контри. Во Јувентус не ви е дозволено да згрешите во два врзани мечеви. Нас повеќе не ни е дозволено да правиме грешки. Изгубивме неколку важни натпревари и сега повеќе немаме право на кикс бидејќи не ни остана многу време до крај“, рече Бонучи.
Да потсетиме дека Јувентус сеуште е лидер во Серија А со 45 бодови и меч помалку од Рома која има 44 бода и се наоѓа на второто место.