Повеќе нема дилема, најдобриот дефанзивец на светот го менува клубот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јуве ја сонува „триплета“, но без оглед на исходот, она што го одбиле во минатото лето, во ова лето ќе прифатат.

И навистина се чини дека се спремни да го дочекаат она што ќе се случи.

Повеќе нема дилема, Јуве, за разлика од минатото лето сака да го продаде Лео Бонучи.

По многумина најдобриот дефанзивец на светот имаше понуда од Сити и Челси во минатата сезона, но ни тој, ни клубот не сакаат да го повлечат тој потег.

Но, после оваа сезона која за Јуве може да заврши со голем успех на три фронтови, Бонучи заминува.

Имено, клубот ќе му овозможи да земе огромна сума на пари кои му ги нудат англиските клубови, а од друга страна, ова ќе биде шанса да се заработи богатство на 30-годишниот стопер.

Јасно е дека ова одлучи да придонесе и тој конфликт со Макс Алегри поради што беше исфрлен од тимот, но и без тоа, се чини дека ова е зделка во која сите ќе бидат задоволни.

Цената се знае, меѓу 50 и 60 милиони евра, но ако Конте и Гвардиола загризат, Бонучи ќе стане најскапо платен дефанзивец на сите времиња.

Пеп го смета за најдобар стопер во светот во овој момент и човек од кого Стонс ќе созрее.

Од друга страна, процвета под Конте во Јувентус и нема сомнеж дека Челси ќе направи се за да го доведе.

Сепак, се зборува дека е поблиску до Сити поради понудата од околу 9 милиони евра по сезона, што е дупло повеќе отколку што има во Торино.

Што ќе направи Јувентус?

Се проценува дека Алегри кој после завршувањето на сезоната и официјално ќе го продолжи договорот до 2020 година и дека Ругани и Калдара кој наместо во јануари, стигнува шест месеци порано да бидат стоперски пар во иднина.

Покрај нив, Барзаљи ќе ја одигра својата последна сезона како алтернатива, а на крајот на кариерата се поблиску е и Киелини.

Можно е Јувентус да го откупи Бенатија, или да доведат наместо него уште еден стопер, но се чини дека работите нема многу да се менуваат, Ругани покажа дека може да биде стандарден, па Бонучи е единствен клучен играч во Јувентус кој ќе го напушти клубот во оваа сезона, со евентаулно Манџукиќ, но Јуве ќе пробува да го задржи Хрватот.