Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Веројатно ниту еден клуб на светот не позајмува повеќе фудбалери од лондонски Челси.
Покрај играчите кои играат за првиот тим, Челси има доста играчи кои веќе ги држи под договор но ги позајмува во клубови ширум Европа.
Податоците кажуваат дека во ова лето позајмија дури 38 играчи што е речиси неверојатно.
Еден од тие кој никако да дочека шанса во тимот на Сините е и Лукас Пиазон, кој се одлучи да ја отвори душата и да признае што мисли за клупската политика на Челси поврзувана за позајмување на фудбалери.
„Нема смисла секогаш да заминувам на позајмица. Тоа не придонесува за фудбалерот. Моите искуства се лоши, како и на искуствата на моите соиграчи кои се во иста позиција како јас. Едноставно повеќе не гледам ништо позитивно во тоа што сум под договор за Челси“, рече Пиазон, кој потоа додаде:
„Нормално дека сеуште сакам да успеам во Челси. Ја поминав цела Еропа во желба да заиграм овде, но ништо. Можеби тоа ме чека во иднина, тоа не може да значи додека не се случи. Ако тоа не може, навистина сакам да отидам каде што ќе останам подолго од една сезона“.
Лукас Пиазон во Челси стигна во 2012 година и од тогаш одигра само три натпревари за сениорскиот тим.
Претстојуваше на позајмица во Малага, Витесе, Франкфурт, Реадинг и сега е во Фулам.