Повеќе ништо нема да биде исто: Австралијан Опен воведе револуционерни промени!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Организаторите на Австралијан опен донесоа важна одлука, која ќе донесе големи промени во начинот на натпреварувањето.

Не остана многу до првиот грен-слем турнир во новата тениска сезона, а организаторите на турнирот соопштија дека има промена во системот на натпреварување.

Поточно, станува збор за промена на начинот на тај-брејкот во сите конкуренции. Секако, најмногу интересни се промените кои се случиле во конкуренција на машки и женски во сингл-конкуренција.

Петтиот сет ќе се игра на десет добиени поени, а не како досега на седум. Кај дамите истото правило ќе важи, но на третиот сет.

Во останатите сетови се игра на шест добиени гемови, а при резултат 6-6 се игра стандардниот тај-брејк.