Повеќе ништо не е исто на „Олд Трафорд“: Погба веднаш ги смени своите планови (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед го отпушти Жозе Мурињо и на негово место го вработи Оле Гунар Солскјер, а тоа го израдува Пол Погба.

Погба со месеци имаше проблеми со Мурињо, а во претходните натпревари на Јунајтед остана на клупата за резервни фудбалери. Французинот сериозно размислуваше да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, но очигледно неговата идеја се сменила.

Летоска интерес за него покажа Барселона, а дури и Погба сакаше да се пресели таму, но трансферот не се реализираше.

Англиските медиуми пишуваат дека Погба го израдувало заминувањето на Мурињо и сега сака да остане во Манчестер.