„Повторно најдов глад и мотивација за победи!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Васек Поспишил е во центар на внимание откако го елиминираше Мареј од Индијан Велс.

26-годишниот играч го победи Мареј во 2 сетови со 6:4 и 7:6 и така стигна до првата победа во 5-от меѓусебен натпревар.

„Чувството е неверојатно, се случи многу брзо. Минатата сезона беше тешка од многу причини. Последните неколку месеци повторно најдов глад и мотивација да тренирам и да победувам. Ова е мојата најголема победа во кариерата и сега сум многу возбуден.“

Во борба за 1/8-финале ќе игра против Лајовиќ кој го победи Лопез со 2:1 во сетови.