Погба е многу подобар отколку што многумина мислат


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Осум аргументи зборуваат дека е многу подобар.

Манчестер вложи огромни пари да ја извади најголемата дамка на Сер Алекс Фергусон, 105 милиони евра е издвоено за негов трансфер, со што е поставен нов рекорд.

Логично, што поголем трансфер, тука се обраќа внимание на секој детал, а во фудбалскиот свет преовладува гледиште дека Французинот не вреди колку што е платен.

Меѓутоа, пред конечно да се пресуди треба да се земе во предвид дека Погба за неколку дена полни 24 години, дека доаѓа од екипа која беше исклучително доминантна на Апенините во тим во кој Жозе Мурињо допрва го склопува мозаикот.

Без оглед на неспорното „лутање“ на Погба по враќањето во Манчестер, статистиката ги ги негира оценките дека неговото враќање на Театарот на соништата е промашување.

Ова се аргументите:

1.Ниеден играч во Премиер лигата не испрати повеќе точни длабочински топки од него во досегашниот тек од сезоната.

  1. Никој во Премиер лигата повеќе пати не се ослободи од својот чувар од Погба.
  2. Погба има просек од 1.88 т.н клучни пасови во просек по меч во оваа сезона и во тој сегмент на игра е подобар од Лука Модриќ, Тиаго Алкантара и Марко Верати, кои се по вокација плејмејкери.
  3. Доби најмногу воздушни дуели од сите играчи за врска во Премиер лигата.
  4. Погба е убедливо најкреативен играч на Манчестер Јунајтед во тековната сезона. Создаде дури 15 шанси повеќе од соиграчите од најблиските конкуренти Хуан Мата и Златан Ибрахимовиќ.
  5. Погба постигна 4 голови во Премиер лигата, исто како и Кевин Де Брујн и Ријад Марез, тие двајца играат поблиску од противничкиот гол од него.
  6. Само Кристијан Ериксен од играчите за врска повеќе пати шутираше кон противничкиот гол од Пол Погба.
  7. Ниеден фудбалер не одигра повеќе точни пасови од Погба во Лига Европа во оваа сезона.