Погба на белата точка: Идеално време за малку одмор… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во 23. коло во англиската Премиер лига го пречека Брајтон и засега оди кон седмата во низа победа во домашниот шампионат.

Оле Гунар Солскјер прави чуда на „Олд Трафорд“ и за еден месец ја прероди екипата, па така „Црвените ѓаволи“ имаат шест врзани побреди, а се се поблиску и кон седмата.

Денес играат против Брајтон на домашен терен и во 27. минута дојдоа до предност. Беше досуден пенал, а Пол Погба беше сигурен од белата точка.

Погба блеска по заминувањето на Мурињо и сега има конто од осум погодоци и седум асистенции во Премиер лигата.

https://www.dailymotion.com/video/x70xoo1