Погба повторно во центарот на вниманието: Јувентус, тоа е моја куќа… обиди за враќање, најавени овации в среда?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пол Погба се враќа во Торино, барем на една ноќ, во среда во рамки на Лигата на шампионите.

„Знаев дека ќе го извлечеме Јувентус, му кажав на брат ми дека тоа ќе биде лудило, едноставно, таквите работи се судени“, вели Погба.

Какво е чувството?!

„Тоа е моја куќа, тоа се моите пријатели, тоа е мојата соблекувална. Се што научив беше таму, од Буфон и Кјелини, растев покрај нив и Пирло. И сега се слушам со Дибала, Квадрадо, Бонучи, Јувентус е мојот клуб“, додаде Французинот.

Тој и не крие дека сака да се врати, но шансите Јунајтед да го пушти за 70 милиони евра, како што се говори се мали, но постојат, подобро кажано.

Сепак, навивачите со сета сила сакаат да го видат во црно-белиот дрес. Стадионот ќе биде преполн во среда, а Погба ќе биде пречекан со овации, и пораки од трибините кои ќе го повикаат „да се врати дома“.

Тој во 2012. година како слободен играч пристигна од Јунајтед, се афирмираше, го собори светскиот рекорд при враќањето во „Ѓаволите“, но по две години и половина, несреќен е во Англија и сака да си замине.

Во Јунајтед го следат развојот на ситуацијата.

„Јасно е дека ова е негов клуб, но тој е играч на Јунајтед. Следиме се што се случува“, истакна легендарниот Недвед кој преку својот некогашен менаџер, Раиола, се обидува Погба да го врати во Јувентус.