Погледнете како Реал и честита на Барселона на двојната титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона со вчерашната победа против Депортиво ја обезбеди титулата во Ла Лига оваа сезона.

Исто така, претходно го освоија и трофејот во Купот на кралот откако во финалето ја совладаа Севилја. Со тоа Каталонците ја освоија двојната круна во Шпанија.

На Барселона и честитаа речиси сите клубови од Примера, а честитки стигнаа и од нивниот најголем ривал, Реал Мадрид.

„Честитки до Барселона за освојувањето на Лигата и Купот на кралот оваа сезона“- напишаа „кралевите“ на својот официјален Твитер профил.