Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот Леандро Паредес (22) се врати во Рома после што минатата сезона ја помина во Емполи.
Паредес поприлично добро играше во Емполи и во новата сезона се очекува за конечно да добие вистинска шанса, а дека има максимална поддршка потврдува и изјавата на Лучиано Спалети дека е подобар од Пјаниќ кој треба да го замени во Рома.
„Поради Спалети се чувствувам поважен од ден во ден и се надевам дека ќе му вратам со добро игри. Рече дека сум бил подобар од Пјаниќ? Не знам што тој мисли, јас сум мирен, бидејќи знам што можам и тоа ќе го направам.
Рома е посилна отколку во минатата година“, рече Паредес за италијанските медиуми.
За услугите на Паредес во текот на летоот се интересираа бројни тимови, меѓутоа на крајот остана во римскиот клуб.
„Имаше доста шпекулации за заминување, но веќе реков дека сакам да останам во Рома и поради тоа сум среќен. Сега сакам да играм повеќе и да освојам нешто со оваа одлична екипа“, подвлече Паредес.
Паредес член на Рома стана во 2014 година кога стигна од Бока Јуниорс.