Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Орландо Сити го победи Колорадо Рапидс на домашен терен во натпревар од деветото коло во МЛС лигата, 2:0.
Легендарниот бразилски фудбалер и фудбалер на Орландо, Рикардо Кака се врати на терен после опоравувањето на повредата на задната ложа поради која паузираше два месеци.
Кака влезе во игра во второто полувреме и во судиското продолжение го постигна вториот погодок за домашниот тим на овој натпревар.
Карлос Ривак беше стрелец на првиот погодок за Орландо.