Подолски капитен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германија и Англија утре играат во Дортмунд, а последен натпревар за својата земја ќе биде за Лукас Подолски.

Подолски ќе биде капитен на тој натпревар а тоа денеска го потврди и Јоаким Лев.

Фудбалерот на Галатасарај, за националниот тим ќе го одигра својот натпревар број 130, а за репрезентацијата дебитираше во 2004 и досега постигна 48 погодоци.

Месут Озил, Марио Гомез како и Хулијан Дракслер нема да играат во овој пријателски натпревар поради повреди, тоа исто така денеска го потврди селекторот Лев.

Натпреварот е во среда од 20:45.