Подолски се прости со неверојатен погодок од репрезентацијата – Германија минимално против Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија ја победи Англија во пријателски натпревар, 1:0.

Лалана во првото полувреме ја погоди стативата. Пред крајот на првото полувреме англичаните преку Деле Али имаа шанса за погодок, но Тер Штеген го одбрани неговиот удар.

Брандт на почетокот на второто полувреме шутираше непрецизно. Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Лукас Подолски погоди за водство и победа на Германија.

Ова беше последен натпревар за Лукас Подолски во репрезентацијата на Германија.