Позната првата јануарска трансфер желба на Мурињо


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Жозе Мурињо ја одреди својата прва трансфер цел за јануарскиот преоден рок.

Португалецот во своите редови сака да го донесе играчот на Валенсија, Карлос Солер кој игра на крилните позиции.

Мурињо се уште планира да донесе крилен играч откако не успеа да го договори Иван Перишиќ во летниот преоден рок.

Солер кој игра одлично за Валенсија е стандарден член на у21 репрезентацијата на Шпанија, а неговата вредност се проценува на околу 40 милиони фунти.

Можно е „Ѓаволите“ да го искористат Андреас Переира, кој во моментов е на позајмица токму во Валенсија, и да доплатат за да го обезбедат потписот на 20 годишниот Солер.