Познато името на новиот тренер на Саутемптон


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од таборот на Саутемптон ќе назначат неочекувано име како наследник за Марк Хјуз кој утрово доби отказ.

Нов тренер на „Светците“ ќе биде Ралф Хасенхутл кој во текот на денешниот ден одржал позитивни преговори со раководството на клубот.

Австрискиот стратег ги убедил челните лица на Саутемптон дека е доволно амбициозен и има потенцијал да го извади клубот од кризата во која е западнат.

Инаку Хасенхулт беше тренер на Ред Бул Лајпциг но си замина од клубот откако не успеа да се договори со раководството за долгогодишен договор со тимот.