Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бобан Бабунски ги одреди стартните 11 за натпреварот од првото квалификациско коло од Лига Европа против ерменскиот Пјуник.
Во составот има тројца дебитанти кои за прв пат ќе го носат дресот на Вардар на еден официјален натпревар.
На голот е стандардниот Филип Гачевски, во одбраната се најдоа Кристијан Тошевски, Горан Попов, Евгениј Новак и Коста Манев. Средниот ред ќе го сочинуваат Кларенс Битанг, Дарко Мицевски и Бесар Исени, додека напаѓачката тројка ќе биде составена од младиот Матеј Цветаноски, Тигран Барсегјан и Вилијан Лира кој ќе биде најистурен.
На клупата за резервни фудбалери ќе бидат Филип Илиќ, Тодор Тодороски, Николас Херанц, Али Адем, Филип Најдовски, Максим Максимов и Јакуп Бериша.
Поради повреда од претходно отпадна новото засилување на Вардарци, Бразилецот Јуфо.