Познат шпански новинар открива: Модриќ со УЛТИМАТУМ за Флорентино Перез, се плашам дека заминува од Мадрид…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ, најдобриот фудбалер на светот за 2018. година во сите престижни избори, би можел на крајот на сезоната да го напушти Реал.

Познатиот шпански новинар Едуардо Инда тврди дека Модриќ одбил нов договор со европскиот шампион.

„Претседателот на Реал му понудил дополнителни две години од договорот, но под исти услови како и досега, осум милиони евра по сезона“, истакна Инда, а потоа го откри ултиматумот на претседателот Флорентино Перез.

„Модриќ тоа го одби и за останување во Реал баеа плата од 10 милиони евра. Засега нема дофоговор и се плашам, дека нема да биде ниту постигнат“.

Капитенот на хеватската репрезентација има договор со Реал уште година и половина, а по освојувањето на „Златната топка“, 33-годишниот играч за врска порача дека би сакал да ја заврши кариерата во Мадрид. Изминатото лето сакаше да го донесе Интер, му нудеше 60 милиони евра до крајот на кариерата, но Лука тоа го одби.

Модриќ во Реал е уште од 2012. година, а со мадридскиот клуб освои четири трофеи во рамки на Лигата на шампионите.