Покетино испраќа позитивни вибрации: Мојот тим може да слави против било кого…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тотенхем вечерва во рамки на осминафиналето во Лигата на шампионите на „Вембли“ ќе ја пречека екипата на Борусија Дортмунд.

„Петлите“ оваа средба ја дочекуваат по трите врзани триумфи над Вотфорд, Њукасл и Лестер, а менаџерот на клубот Маурисио Покетино верува дека неговите играчи можат како победници да излезат од дуелот со Борусија кој стартува од 21 часот.

„Борусија е лидер во Бундеслигата, зад себе имаат фантастична сезона, така што нема да биде лесно. Сепак, верувам, цврсто верувам, дека мојот тим може да победи било кого“, истакна Покетино во пресрет на мечот.

Оптимизмот го гради на добрата игра на Тотенхем.

„Ако ги гледаме натпреварите од стартот на декември, ние сме најдобри во премиер лигата, а сите знаеме колку тоа е тешко. Моите играчи работат одлично, ги заслужуваат сите пофалби. Иако нас повредите не допреа, се бориме со сите потешкотии и горд сум на моите момци“, заклучи менаџерот на Тотенхем.

За потсетување, Тотенхем против Борусија нема да ги има на располгање Деле Али и Хари Кејн, а под знак прашалник е и Ерик Диер.