Покетино открива: Има само една причина зошто Кејн не е уште подобар!

Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино, смета дека Хари Кејн се обвинува себеси затоа што мисли дека треба да постигнува повеќе голови.

Во победата против ПСВ во Лигата на шампиони, 25-годишниот фудбалер го постигна 150 гол за Тотнем, а сезонава постигна осум голови во 11 натпревари.

„Кејн е убиец. Секогаш сака да постигнува голови и посветен е на тоа. Всушност, тој е опседнат со тоа и премногу се замара, па понекогаш тоа работи против него. Ама ќе го научи тоа со време, зашто така човек созрева“, објасни Покетино.