„Помислата дека Ливерпул може да ја освои титулата кај мене предизвикува страв!“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Јунајтед кој го носеше дресот на клубот цели 24 години, пред да се пензионира во 2014-та година, откри интересни работи за медиумите.

    Тој со Јунајтед освои дури 13 титули во Англија, со што тимот од „Олд Трафорд“ стигна до 20 титули и така за 2 трофеи го надмина Ливерпул. Треба да се има на ум дека Ливерпул последната титула ја освои во 1990 година.

    „Гледајќи го поразот на Ливерпул од Севиља во финалето од ЛЕ помислив дека ако оваа сезона немаат празнење на европската сцена и добро се подготват во лето, имаат шанси да ја освојат ПЛ. Со година дена во клубот, Клоп подобро одговара на барањата на англиската игра, а и фудбалерите ќе бидат подобри. Па така Ливерпул може да ја освои титулата.“

    Во еден дел од текстот се наведува дека можеби и заминувањето на Џерард е добра работа за Ливерпул, бидејќи многу талентирани играчи излегоа од неговата сенка.

    „Што се однесува до перспективата на освојувањето на титулата од страна на Ливерпул, прв пат по 1990 година, не би очекувал ништо друго во мене освен страв. Одамна го предизвикаа Јунајтед да се врати во игра кога освоија 18 титули. 20-години подоцна Јунајтед ја крена границата на 20, а никој од наша страна не сака да види како предноста повторно се враќа на Ливерпул.“