Понудата е подготвена, Милан „загриза“ за Белоти !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Италјанските медиуми само што ја пренесоа веста дека „росоњерите“ спремиле понуда од 50 милиони евра, за Андреа Белоти и плус играчи кои ќе заминат во Торино.

Италијанскиот репрезентативец има откупна клаузла од 100 милиони, но тоа важи само за тимови кои се надвор од Италија.

Неговото име беше поврзувано и со англискиот шампион Челзи, но се испостави дека и Милан е сериозно заинтересиран за услугите на напаѓачот на Торино.

Ако ова се оствари и Торино ја прифати понудата од 50 милиони, плус мБаје Нијанг и Локатели кои би заминале во спротивен правец, Милан би добил напаѓач за годините што надоаѓаат.