Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал наводно испрати голема понуда на адреса на италијанскиот тим, но тие не сакаат ниту да слушнат.
Тој „фрли око“ на голгетерот на Торино Андреа Белоти, а се зборува и дека на адреса на Торино стигнала понуда од Емирати во износ од 65 милиони евра.
Таа понуда е одбиена од страна на управата на торинскиот клуб, а сега е обелоденето колку пари ќе го задоволи претседателот на клубот Урбан Каир.
Имено, како што пренесува специјализираниот портал “Гол“, Торино стави цена од 100 милиони евра за италијанскиот репрезентативец од нивните редови.
Значи, доколку некој го сака Белоти во својот тим, ќе мора да се приближи до светски рекорд кога се трансферите во прашање (105 милиони, Погба од Јувентус во Манчестер).
Белоти во оваа сезона експлоадираше во Серија А, на 18 настапи запиша дури 14 голови, што привлече голем број на европски клубови.