„Понудата на Челси беше примамлива, но самиот ја одбив!“

Во јануари многу се шпекулираше дека Крег Гордон ќе ја продолжи кариерата во Челси.

Англиските медиуми во јануари многу пишуваа дека тој ќе дојде во Челси, а дека ќе замине Беговиќ, но на крајот немаше ништо од тоа.

„Играм за Селтик и тоа е тоа. Заминувањеот во Челси немаше никаква гаранција дека ќе може да бранам на одреден број натпревари. Имав понуда и навистина беше примамлива, но одлучив да останам и да бранам во Селтик, отколку да седам на клупата на Челси.“

„Во Селтик играм, освојувам титули и имам шанса да бранам во ЛШ. Поради тоа одлучив да останам во клубот. Не ми е примамливо враќањето во ПЛ.“