Понуда за Кејн: Еден куп пари и фудбалер по желба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фантастичниот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн (24) без никакви дилеми е еден од најдобрите фудбалери на светот.

Овој 24 годишен напаѓач немилосрдно ги тресе противничките мрежи во дресот на Тотенхем, а го привлече вниманието и на големиот Реал Мадрид.

Кралевите нудат огромна сума за Кејн. Наводно се работи за цифра од околу 150 милиони евра, а според парите спремни се да пратат и еден од своите фудбалери во Лондон.

Според наводите на шпанските медиуми, Реал им понудил на тимот од Лондон да бираат помеѓу Бејл, Бензема и Ковачиќ, а наводно и сите тројца би можеле да завршат на крајот во редовите на Тотенхем.

Договорот на Кејн со Тотенхем трае до 2022. година и нема откупна клаузула, но без никакви дилеми ова може да стане уште еден голем трансфер, а можеби и наголем трансфер фо историјата.

Да потсетиме, најголем трансфер се случи минатото лето кога ПСЖ им плати на Барса за Нејмар 222 милиони евра.