„Поради ваквите ноќи Игуаин е платен 90 милиони евра“


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Екипата на Јувентус синоќа избегна пораз во Лисабон од екипата на Спортинг благодарејќи на погодокот на аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин.

После слабото отварање на сезоната и благата криза, Игуаин почна немилосрдно да ги тресе противничките мрежи, а синоќа и донесе бод на Старата дама на многу тешко гостување.

Тренерот на Спортинг, Хорхе Хесус после мечот даде коментар за натпреварот.

„Игуаин? Јувентус го плати 90 милиони евра, за ноќите како оваа“, кратко изјави Хесос и додаде „Не е се изгубено, имаме шанси за понатаму, се е отворено и ќе се бориме до крајот. Ако играме како во двата меча против Јувентус, можеме да ја изненадиме и Барселона“, порача тренерот на лисабонскиот великан.

Португалскиот тим моментално е позади Барселона и Јувентус во групата Д во Лигата на Шампионите со 4 бода, три помалку од второпласираниот шампион на Италија.