Порака до фановите на Јунајтед од кормиларот на клупата: Верувајте во чуда!


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека ПСЖ е на друго ниво, по поразот во осминафиналето во Лигата на шампионите, но верува дека неговата екипа има шанса да мине натаму.

Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ лесно загуби од ПСЖ со 0:2, во првиот меч од осминафиналната фаза.

Тоа е првиот пораз за Солскјер откако ја презеде клупата на Јунајтед во декември.

„Не бевме на потребното ниво, а тоа е пониско ниво од нивното. Имавме добра серија, во добра ситуација го дочекавме натпреварот, во добра форма, но ова е голем чекор. Има причини зошто ги сметаат за едни од фаворитите за освојување на ЛШ. Нашиот клуб треба да се насочува кон таквото ниво“, истакна Солскјер за британските медиуми.

Покрај поразот, Солскјер верува дека екипата сепак има шанси да мине понатаму.

„Во тежок момент сме, против кого и да играме, сега ги имаме лигата и ФА Купот против Челси, има многу натпревари. Кога ќе одиме во Париз, ќе дадеме се од себе. Секако, тешка е ситуацијата, но не е невозможна, ќе се обидеме да одиме на полувреме со водство“, истакна Норвежанецот.

Јунајтед синоќа првпат во Европа загуби повеќе од еден разлика на домашен терен, па многумина сметаат дека на 6. март во Париз пред „Црвените ѓаволи“ е невозможна мисија.