Поранешен агент предупредува: Икарди се промени, но Ванда ќе му ја уништи кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мауро Икарди и неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара се главна тема во италијанската спортска јавност во последниот период.

Аргентинецот неодамна остана без капитенската лента, а постојат неколку причини зошто се случило тоа, иако една од нив е одложувањето на потпишување нов договор.

Италијанските медиуми пишуваат дека Икарди е жртва на Ванда, која во јавноста е омразена личност. Поради тоа навивачите му се налутиле на Аргентинецот, кој ќе замине доколку наскоро нес е смират страстите.

Меѓу луѓето кои ја обвинуваат Ванда за проблемите на нејзиниот сопруг е неговиот поранешен менаџер Абијан Моран.

„Мауро се промени откако е со Ванда. Не сум изненаден со ова што се случува. Пред неа беше скромен, понизен фудбалер, концентриран на фудбал, полн со желба да напредува. Поради Ванда тоа се промени на лошо. кратко време соработував со неговата жена и веднаш забележав различно однесување. Стана изолиран. Таквата промена може да му ја уништи кариерата“, предупредува Морано.

Тренерот Лучано Спалети е свесен за квалитетите на Икарди, па кажа дека се бара решение на ситуацијата и враќање на Аргентинецот во нападот на клубот.