Поранешен дефанзивец на Јувентус стигна во Саутемптон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата од Сент Мери ја засили одбраната пред продолжувањето на сезоната.

Нов фудбалер на Саутемптон, како што е и најавено, е поранешниот фудбалер на Барселона и Јувентус Мартин Касерес.

Тој потпиша договор со Саутемптон до крајот на тековната сезона, а на грбот ќе го носи бројот 12.

Уругвајскиот репрезентативец првиот дел на сезоната го помина без ангажман, бидејќи не можеше да пронајде клуб откако во летото го напушти Јувентус по истекот на соработката со италијанскиот шампион.

Во текот на својата кариера, 29-годишниот фудбалер ги бранеше боите на Барселона и Севиља, а во текот на претстојот на Ноу Камп освои шпанска Примера и Лига на шампионите.

Со Јуве освои пет титули  во Серија А, како и Куп на Италија два наврати, а играше големо финале на ЛШ со Бјанконерите во 2015 година.

„Многу сум среќен што потпишав за ваков важен клуб во Англија. Едвај чекам да се запознам со своите нови соиграчи“, изјави Касерес по парафирање на соработката со  Саутемптон.