Поранешен играч на Јунајтед во конкуренција за тренерското место во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот Маурицио Сари долго време се споменува како најсериозен кандидат да го наследи неговиот сонародник Антонио Конте во Челси, но очигледно управата на „сините“ се предомисли.

„Франс фудбал“ пишува дека поранешниот селектор на Франција и тренер на ПСЖ, Лоран Блан би можел да го преземе клубот од Лондон.

Челси уште не потврди дека ќе ја продолжи соработката со Конте, но јасно е дека односите меѓу него и управата не се добри, па може да очекуваме летово нова промена на клупата на „сините“.