Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во периодот од 2003 до 2009 година Кристијано Роналдо настапуваше за Манчестер Јунајтед, а малку е познато дека неговите први тренинзи биле проследени со потсмевање од тогашните клубски колеги.
Некогашниот фудбалер на овој клуб Дарен Флечер опиша некои ситуации од тренинзите односно кажа дека Роналдо некогаш бил предмет на исмејување меѓу останатите фудбалери.
,,Беше одлучен да стане најдобар фудбалер на светот од моментот кога стигна во клубот. Навистина беше посветен тоа не може да се оспори”, започна Флечер, па продолжи:
,,Ги подигна тренинзите на едно сосема ново ниво, а во почетокот луѓето му се воодушевуваа и го почитуваа. Меѓутоа со тек на времето некои работи кои ги правеше станаа малку смешни, па имаше ситуации кога на стапалата ставаше тегови како би бил побрз.
Ние го гледавме тоа и се смеевме, но на него не му беше гајле. Затоа на крај доби почит од сите”.
Од тогаш, па до денес Роналдо освои пет Златни топки и кој знае уште колку трофеи на клубско, репрезентативно и индивидуално поле.