Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џовани Коболи Џили говореше за наполитанското радио „Kiss Kiss“ и даде еден многу интересен предлог пред дербито.
Во недела на програмата е дуел помеѓу Наполи и Јувентус во рамките на Серија А, а како одлична увертира на оваа средба послужи и предлогот на поранешниот претседател на Бјанконерите, Џовани Коболи Џили.
Имено, тој даде еден предлог и за двете управи.
После анализирање на двата тима и нивните играчи предложи трампа на клубовите.
Тој верува дека Јуве и Наполи треба да ги разменат Пауло Дибала и Калиду Кулибали.
„Мислам дека на Дибала му е потребно ново искуство и Наполи би бил добар за него. Ова на Анчелоти би му било вистинско решение. Сепак Дибала би чинел околу 130 милиони евра, но да сум на местото на Јувентус, би направил се за го доведам Кулибали“, изјави поранешниот претседатели на Јуве.