Портланд загуби во Торонто, Милвоки го совлада Лејкерс (ВИДЕО)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Кошаркарите на Портланд трејл блејзерс синоќа загубија на гостувањето кај Торонто репторс со 119-117, иако двете екипи играа одличен меч од самиот почеток.

Постојано се водеше израмнета борба, па беше јасно дека на крајот само детали ќе го решат победникот. Иако Портланд беше резултатски израмнет речиси до самиот крај, сепак немаа сила да го свртат дуелот во своја корист.

Јусуф Нуркиќ одигра 19 минути на паркетот и постигна десет поени и седум асистенции, додека најдобар во Портланд беше МекКалум со 35 поени, а кај победниците најефикасен беше Леонарт со 38 поени.

Останати резултати:

Атланта – Чикаго 161-168
Бруклин – Шарлот 112-123
Бостон – Вашингтон 107-96
Феникс – Њу Орлеанс 116-130
Сакраменто – Лос Анџелес клиперс 109-116
Лос Анџелес лејкерс – Милвоки 120-131

Портланд загуби во Торонто, Милвоки го совлада Лејкерс (ВИДЕО)