Португалец пристигнува во Рим: Рома сака играч од средината на теренот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот 30-годишен фудбалер Мутињо се наоѓа на излезни врати од Монако, кој е подготвен да го пушти играчот да замине на позајмица.

Рома веднаш покажа интерес. Сакаат да го видат во свои редови, а медиумите тврдат дека Португалецот се согласил и на плата помала од 4 милиони евра.

Летово Рома се обиде да го донесе во свои редови, но не успеа.

Мутињо е познат како играч кој додава многу топки кон напаѓачите и сигурно е дека неговите топки би им помогнале на напаѓачите на Рома.

Играше за двата португалски гиганти, Спортинг и Порто, а во 2013 година го засили Монако за 25 милиони евра.

За Монако одигра 123 натпревари и постигна 7 голови. Најголем успех му е освојување на европското првенство со Португалија.