Португалија ги претстави дресовите за Мундијалот во Русија (ФОТО)


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Португалците синоќа и официјално ги претставија двете гарнитури на дресови со кои ќе заиграат на Светското првенство во Русија.

Новите дресови се слични и на претходните, но беа дочекани со одобрување од страна на фановите кои сметаат дека Португалците ќе имаат едни од најубавите дресови.

Веќе подолго време спортската компанија „Најк“ е производител на опремата на фудбалската репрезентација на Португалија, па актуелниот европски шампион и на Мундијалот ќе ја носи нивната опрема.