Португалскиот репрезентативец пред голем трансфер во англиски гигант


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Искусниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо, тренерот на црвените ѓаволи се обидува да го доведе португалскиот дефанзивец на кој договорот со Реал му истекува на лето.

Наводно, посебниот уште сега сака да ги осигура услугите на овој фудбалер кој во февруари ќе наполни 34 години.

Мурињо и Пепе имаа фантастична соработка во кралскиот клуб, а тренерот на Јунајтед е одлучен да го доведе на Олд Трафорд иако има 34 години.

Пепе неодамна доби богата понуда од Кина. Хебеј му нуди 10 милиони евра по сезона, па португалецот е пред голем предизвик.

Фудбалер на кралевите стана во 2007-ма година, а на Сантијаго Бернабе стигна од Порто.