Последните пет засилувања на Фергусон – Каде се сега и дали се негови најголеми грешки?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алекс Фергусон е еден од најдобрите менаџери на светот кој некогаш работеше во фудбалот.

Сепак, во последните неколку години имаше неколку грешки на пазарот.

Можете да го мразите Манчестер Јунајтед колку што сакате, но морате да признаете дека сер Алекс Фергусон е еден од најголемите тренери некогаш кој што фудбалот го имаше.

Сепак, и тој имаше свои грешки, а „Мирор“ во денешното издание копаше по историјата и и пронајдоа еден интересен податок.

Тој интересен податок е поврзан за петте последни засилувања што ги доведе овој менаџер, а тоа се Ник Пауел, Робин ван Перси, Александер Батнер, Анџело Енрикез и Вилфред Заха.

Паулел е доведен за 6 милиони фунти, но од него далеку повеќе се очекуваше.

Дојде како некој кој може да го наследи Пол Сколс, но сега игра во Виган, се испостави дека повредите го спречија овој фудбалер да направи нешто повеќе во кариерата.

За Перси не треба премногу да се трошат зборови, веќе во првата сезона донесе титула за Манчестер Јунајтед и се испостави како најголемо засилување.

Батнер стигна за речиси 4 милиони фунти од Витесе, но никогаш не успеа да се докаже во Манчестер Јунајтед.

Се работи за лев бек кој сега повторно игра за Витесе.

Енрикез ви е можеби и познат, се работи за момче што игра за Динамо од Загреб. Претставен е како “сензација од Чиле“ кога стигна за 3 милиони фунти од таа држава како 18-годишен.

Одеше на позајмици, а на крајот заврши во Динамо.

Заха го чинеше Манчестер Јунајтед 15 милиони фунти, а од него далеку, далеку повеќе се очекуваше кога стигна од Кристал Палас.

Импресионираше во Чемпионшип, го заработи повикот на Ферги, потпиша петгодишен договор, но.. Никогаш не успеа, барем не во споменатиот прв период кој го помина во тој тим.

Кога ќе видите колку пари потроши Алекс Фергусон на засилувања кога ги доведе овие петмина, морате да признаете дека грешеше, зарем не?