Постигнат е договорот – Муриел ќе слета во Милано!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Муриел се договори со тимот на Интер и од лето ќе биде фудбалер на тој тим.

Муриел ги договорил своите услови со Интер, но Сампдорија сеуште ја нема прифатено нивната понуда, иако се смета дека нема да има многу проблеми за тоа.

Овој 25-годишен фудбалер стигна од Удинезе во 2010 година, а од тогаш во 157 натпревари постигна 40 голови и се поврзуваше со голем број клубови во последно време.

Колумбиецот има договор со Сампдорија до 2019 година, но постои клаузула од 28 милиони евра, што значи дека не можат да ги сопрат во потерата по Муриел.

Тој заработува 900.000 евра по сезона, а таа бројка ќе биде двојно поголема во Интер.

Муриел постигна 17 голови на 70 натпревари, а играше претходно на позајмица од Удинезе во Гранада и Лече.