Потврда – Монако заврши огромно засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најбараните играчи во Европа потпишува за Монако.

Офанзивниот играч на Андерлехт Јури Тилеманс се наоѓа на чекор од трансфер во Монако.

„Јури го напушта Андерлехт. Преостанаа уште неколку детали, но се ќе биде решено до крајот на неделата. Неговиот трансфер во Монако нее баш 100 % завршен, но францускиот клуб е најблиску до негов потпис“, рече спортскиот директор на Андерлехт Херман ван Холсбек.

Тилеманс е дете на Андерлехт во кој почна да тренира уште како петгодишен, а во првиот тим влезе во 2013 година.

Посебно експлодираше во последните две сезони, поради тоа што одигра дури 90 натпревари и постигна 25 голови.