Потресна исповед на Типсаревиќ: Имав помешани емоции, од една страна станав татко од друга чекав резултати од биопсија


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Јанко типсаревиќ во последните неколку години има многу турбулентна кариера, најмногу поради седумте операции кои го ограничија за поголеми успеси.

Од тумор на грбот, преку зафат на петата, некогаш осмиот рекет на планетата преживеа се, а за сето тоа зборуваше и во ексклузивно интервју за српските медиуми.

„Имав седум операции во последните неколку години. Тоа беше шок за моето семејство, за мене, но и тимот кој беше со мене цело време и ми веруваше. Ми се мешаа емоциите, затоа што од една страна станав татко, а од друга со сопругата ги чекавме резултатите од биопсијата по вадењето на туморот, за да знаеме дали е бениген или малиген“- истакна Типсаревиќ на почетокот на интервјуто, а потоа додаде дека поддршката од најблиските била најважна за неговото заздравување.

„По првата операција ми беше кажано дека никогаш нема да можам да трчам, но вербата и желбата ме натераа тоа да го поминам. Одев трпеливо, чекор по чекор, со голема поддршка на Билјана и мојот тим. Нејзиниот позитивен дух и вера многу ми помогнаа и ми олеснија во тешките моменти“ –заклучи Јанко.

Типсаревиќ во моментов е 493. рекет во светот, а во август 2012 година го имаше најдобриот ранг во кариерата, кога беше осми на АТП Листата.