Почнаа преговорите! Баерн Минхен во Холандија ја најде замената за Лам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Феенорд е првиот пик на шампионот на Германија.

Сериозен клуб како Баерн не седи со скрстени раце туку во тековната сезона договора трансфери за кои е уверен дека ќе го подигнат квалитетот на клубот од Минхен. Познато е дека баварците ова лето ќе останат без легендата на клубот, Филип Лам кој оди во пензија, а треба да му се најде замена.

Џошуа Кимих е од многуте кои е означен како тој, но тоа е проблем е тоа што тој природно е фудбалер за врска, принудно игра десен бек и не е баш решение. Затоа раководството на шампионот на Германија се насочи кон Холандија од каде доаѓа репрезентативецот Рик Карсдорп.

Дефанзивецот експлодира во Феенорд оваа сезона со кој се обидува да стигне до шампионската титула, прва после 18 години. Привлече големо внимание, а има интерес и од Барселона и Манчестер Јунајтед.

Холандски Телеграф соопшти дека Баерн бил најконкретен и дека ги започна преговорите со бекот на Феенорд. Фудбалерот чија вредност е на некои 6.5 милиони евра сака после шампионската титула да се прости од Феенорд и да ја продолжи кариерата во еден од најдобрите европски клубови.