Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на двата клуба се сретнаа вечерва! Но дали можат Росонерите да платат 100 милиони евра.
Навивачите на Милан почнаа кампања за доведување на Андреа Белоти под хаштаг „ BellotiMilan“ на друштвените мрежи, а управата на клубот ги послуша.
Италија бруи за вечерашниот состанок на челниците на Милан и Торино. Од една страна директорскиот тандем на Милан Фасоне – Мирабели, а оа друга страна диригентот на Торино Џанлука Петраки.
Главна тема: Трансфер на Андреа Белоти во Милан!
Не треба да се трошат зборови, каква трансфер бомба би била таа на Апенините. Но од многу причини е тешко да се поверува дека тоа е реална приказна. Моментално. Колку е да е таа желба на Милан…
Во златната ера на Берлускони и Галијани, Милан правеше такви трансфери и ги дрмаше фудбалскиот пазар.
Меѓутоа, тоа се поранешни времиња. Милан е сега во рацете на кинески бизнисмени кои најавија околу 150 милиони евра за засилувања.
Дали баш две третини од тој буџет ќе ги искористат за Белоти?
Познато е дека Торино го блиндираше најдобриот стрелец со откупна клаузула од 100 милиони евра.
Наполи на сличен начин проба да го врзи Игуаин, но се испостави дека откупната клаузула не беше доволна пречка да се запре Јувентус кој им го зеде Пипита. Меѓутоа, Милан ги нема капацитетите и силата на Јувентус…
Но има еден детал кој им оди во прилог. Белоти е голем навивач на Росонерите, никогаш тоа не го криеше и има желба да заигра во црвено-црниот дрес како својот идол Андриј Шевченко.
Ако дојде во Милан во наредното лето, нема сомнеж дека навивачите ќе го дочекаат како наследник на Шевченко поради што и почнаа кампања на интернет.
Клубот засега ги направи првите чекори со состанокот со Петраки.
Но популарниот Гало (како што е прекарот на Белоти, во превод (петел) не беше единствена тема на разговор меѓу двата клуба.
Торино ги сака Поли и Куцка кој е миленик на Михајловиќ, Росонерите и понатака се распрашуваат за играчот за врска Басели…
Извесно е дека Милан ќе проба да доведе скапоцено и звучно засилување. Тоа новото раководство го вети по преземањето на клубот.
Се споменуваа имиња како Обамејанг, Мората, Калиниќ, Бензема, Џеко… Но во овој момент Белоти можеби и подобро „легна“ на Росонерите од сите споменати.
Предуслов за почеток на преговорите е сите страни да најдат почетна точка.
А тоа нема да биде лесно со клаузулата од 100 милиони евра.
ѓМеѓутоа, ако играчот изврши притисок на Торино, можеби и да се отвори простор за реализација на трансфер.
Во претходните години Торино ги продаваше своите најдобри играчи како Огбона, Черчи, Имобиле, Дармијан, Максимовиќ, Перес, Глик…Но беа тешки преговарачи.
Продажбата на Белоти би била врв на паметната политика на која во претходните години ја водат газдата Урбано Каиро и директорот Петраки.
Би било тоа и долго чеканата бомба на Сан Сиро. И добар почеток за новите сопственици за иградба на довербата меѓу навивачката армија која уште не им верува.
Дотогаш, Милан има уште некои желби. Го договорија трансферот на стоперот Мусачо од Виљареал, блиску е и Кеси од Аталанта, преговараат со Рикардо Родригез од Волфсбург, а желби се уште и Кеита од Лацио и Луиз Густаво од Волфсбург.