Почна чистката на Пеп, први големи заминувања од Сити?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанецот ја почна чистката, Аргентинец прв заминува.

Пеп Гвардиола во оваа недела најави дека на лето на поголем број на играчи на кои им истекуваат договорите ќе го напуштат клубот.

Англиските медиуми денеска потврдија дека Пабло Забалета е прв на листата за отстрел од редовите на старата гарда и важните играчи.

„На Пабло му истекува договорот на 30 јуни и тој веќе го извести клубот дека ќе оди понатака“, рече Гвардиола.

Забалета девет сезони е во Сити, откако во 2008 година стигна од Еспањол и беше еден од клучните играчи во револуцијата и светлата ера на Итихад,.

Сепак, сега е време за некои нови дечки, а Забалета а на прагот од премин во редовите на Вест Хем.

Славен Билиќ му понуди договор на Забалета, Аргентинецот нема ништо против да се пресели во претстолнината и ќе остане во Премиер лигата.

Покрај Забалета, се очекува со него да заминат и Џо Харт, Бакари Сања, Еликвајим Мангала, Самир Насри, Гаел Клиши и Вилфред Бони.

Познати се и желбите на Пеп Гвардиола за наредната сезона.