По дербито со Јунајтед, Емери денес на јавноста и соопшти ужасни вести?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед синоќа го пречека Арсенал во едно од најголемите дербија во Премиер лигата, на крајот немаше победник, мечот беше завршен со резултат 2:2.

Уште во текот на првото полувреме по дуелот со Маркус Рашфорд поради повреда, теренот мораше да го напушти стоперот на „Топчиите“, Роб Холдинг.

Беше тоа тежок удар за „Топчиите“, со оглед на тоа дека 23-годишниот дефанзивец игра многу добро под палка на Унаи Емери оваа сезона.

По средбата, Емери донесе многу лоши вести. Имено, повредата би можела да значи и крај на сезоната за младиот Холдинг.

„Докторите мислат дека тешка повреда е во прашање“, истакна тренерот на Арсенал, Емери.

Во текот на средбата на „Олд Трафорд“ се повреди и Арон Ремзи но Емери откри дека неговата повреда не е сериозна.

Доколку се вистинити проггнозите, повредата на Холдинг би можела да претставува сериозен проблем за Арсенал, особено бидејќи во стартните 11 покажува одлични партии.

Него во стартната постава наскоро би можел да го наследи Лоран Кошчелни, капитенот неодамна закрепна од тешката повреда, настапуваше за У21 екипата, но во финишот на тој меч мораше да го напушти теренот поради грчеви, па се чини дека не е доволно подготвен.